110 години од смртта на Никола Карев


Пред точно 110 години, најистакнаниот македонски револуционер Никола Карев го загуби животот борејќи се за слободна Македонија. Со положување свежо цвеќе пред неговиот споменик  делегации од Собранието, Владата, политички партии и граѓански здруженија оддадоа почит на неговото дело. Неговата храброст и денес е пример како се сака својата држава и како се брани нациналниот идентитет.    karev spomenik

„Денеска кога повторно сме исправени пред многу сериозни предизвици, сите без разлика на нашата етничка или партиска припадност да се навратиме на корените на нашата државотворност и оттаму да ги црпиме идеите и потребната мудрост, но и одговорност за надминувањето на сите предизвици, за зачувување и развој на нашата мила и богата земја Македонија, како што се вели во Крушевскиот Манифест.

Да бидеме горди на наследството на Крушевската република. Да ги славиме илинденците и нивното големо дело! рече претседателот на Собранието, Трајко Вељановски.

Како еден од великаните на македонската ослободителна борба, Карев се смета за автор на Крушевскиот манифест . Тој загинал на 28-годишна возраст, во трагичен сплет на предавства во борба со османскиот аскер кај село Рајчани, Кочанско.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1