12-год девојче од Штип 9 месеци од страв криело дека е силувано – осомничен 32 годишник


Дванаесетгодишно девојче, по девет месеци, и` раскажало на мајка си дека било силувано од непознато повозрасно момче, пишува Вест.мк

siluvano-devojka-1Девојчето решило да им каже на своите родители дека било силувано откако случајно го сретнало момчето на улица во близина на нивната куќа.

Според кажувањето на девојчето, во декември минатата година, пријавениот влегол во нивниот дом додека тоа било само, се нафрлил врз него и го силувал. По ова, му се заканил на девојчето дека ќе го убие ако некому каже што се случило.

Мајката, заедно со детето, вчера го пријавила случајот во полиција, која по препознавањето, поднела кривична пријава против Ѓ.С. (32) за полов напад на дете помало од 14 години.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1