12-годишниот Пејчиноски го преплива Охридското езеро


12-годишниот охриѓанец Марко Пејчиноски направи голем подвиг препливувајќи ја маратонската патека во должина од 30 километри од Свети Наум до охриското пристаниште.
Пејчиноски денеска пливаше во тешки услови и по немирни води но тоа не му пречеше да ја оствари својата цел. Ако се знае дека имал како дете инфаркт на долните екстремитети овој подвиг на младиот Охриѓанец е навистина за почит.

Успехот на Марко е дотолку поголем, имајќи во предвид дека има здравствен проблем односно инфаркт на коска на долните екстремитети.

Помеѓу присутните на целта беше и легендата на македонското пливање Дики Бојаџи кој прв му честиташе на големиот херој.

Марко, утрото во 9 часот и 30 минути тргна од Св. Наум, а на градско пристаниште пристигна околу 18 часот и 15 минути.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1