12 годишно дете прегазено кај Католичка црква (Фото)


Дете на возраст од околу 12 години е прегазено на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов во близина на Католичката црква, објави порталот Курир.policija-uvid-480x360

 

Очевидци за порталот велат дека детето било удрено од џип Туарег додека го поминувал пешачкиот премин. Од ударот малолетникот бил отфрлен неколку метри, а за несреќата сведочи едната патика која му паднала при ударот.

 

Од полицијата за Курир jа потврдуваат несреќата информирајќи дека детето било веднаш пренесено во Ургентниот центар во Скопје.

 

Полицијата е на лице место каде во тек е увидот.patika-480x360 soob-dete1

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1