Баба Ванѓа не била побожна, разговарала со демони


Касимира Стојанова во својата книга „Вистината за Ванѓа“ ги забележала нејзините зборови: Тоа не бев јас, тоа се други, кои се наоѓаат покрај мене.

Баба Ванѓа, бугарска пророчица, не е кротка, добра, вредна и искрено побожна како што е претставена во серијалот Вангелина кој се емитува на првиот канал на бугарската државна телевизија, напишал Дионисиј Свечников како одговор на серијалот. Ванѓа никогаш не имала нешто заедничко со Бог, а нејзините предвидувања немаат ништо заедничко со Божјото откровение.

baba-vanga-printskrin-1396272842-471497

Потврда за ова може да се најде во книгата на Касимира Стојанова, братаница на Ванѓа, во која има примери во кои се потврдува дека бугарската врачарка била во непосреден контакт со демоните.

Извадок од книгата на Касимира: „Се сеќавам на денот кога наполнив 16 години. Се сеќавам по тоа што по вечерата во нашата куќа во Петрич Ванѓа изненадно почна да зборува обраќајки ми се на мене. Тоа веќе не беше таа, слушнав глас на сосем друг човек: „Секој миг си под нашето будно око“. Потоа ми раскажа се што сум правела во текот на денот. Останав без зборови. Потоа ја прашав тетка ми: Зошто ми го кажа сето тоа? Ванѓа се зачуди: „Ништо не сум ти кажала“. Меѓутоа, кога и кажав се што сум слушнала од неа, таа тивко одговори: „Тоа не бев јас, тоа се други кои се наоѓаат покрај мене. Едните ги нарекувам „мали сили“, тие ми кажаа што си правела во текот на денот, но постојат и „големи сили“. Кога тие почнуваат да зборуваат со мене, односно преку мене, јас губам многу енергија, ми се лоши и после тоа сум многу изморена“.baba-vanga-printskrin-1396272931-471499

Како што може да се види од овој извадок, откровенијата на Ванѓа не се ништо друго освен демонска опседнатост. Еве уште еден пример од книгата од кој ќе видиме дека Ванѓа била во контакт со демоните: „Сознавајќи за несреќата која доаѓа, мојата јадна тетка бледее, паѓа во несвест, од нејзината уста излегуваат неповрзани зборови, а нејзиниот глас во таквите мигови нема ништо заедничко со нејзиниот обичен и нормален глас“.

Гласот е многу силен, нејзиниот речник во таквите моменти се разликува од секојдневниот речник на Ванѓа. Како некој разум да се вселува во неа, како да и ги соопштува судбоносните случки. Таа тоа го нарекува „голема сила“ или „голем дух“. Мислам дека нема потреба да говорам за тоа кого Ванѓа го нарекувала „голем дух“.Vanga

Во последно време се шпекулира дека Бугарската православна црква ќе ја вброи Ванѓа во редот на светителите. Таа информација не е вистинита. „Бугарската православна црква не планира да ја канонизира баба Ванѓа. Додуша за такво нешто немам слушнато во нашата Црква. Ако постои нешто такво, претпоставувам дека тоа е дело на некој кој се обожаватели на нејзиниот култ. Вистина е дека таа со сопствени средства изгради храм, кој беше сликан од еден од најпознатите бугарски уметници. Меѓутоа, уметникот прв пат работеше на храм и од сето тоа испадна нешто ужасно, во вистинска смисла на зборот“ – напишал на порталот Василиј Шаган, игумен на храмот „Св. Архангел Михаил“ во бугарскиот град Варна.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1