Кога стигнала сметката во нивното поштенско сандаче, мајка ми го прекорила за сумата пари кои ги потрошил на игри… Тинејџерот по ова заминал во својата соба – подоцна мајката го викала да се симне на вечера но не реагирал.
Неговата 16-годишна сестра Холи, тргнала да го провери – го нашла обесен во својата соба. И покрај обидите да го реанимираат, тој веќе бил мртов.
Младото момче, 15 минути пред да го најдат неговото тело, напишало статус на својот Фејсбук профил: “Ќе се убијам”
Хенри бил дијагностициран со (ADHD) – хиперактивно растројство и дефицит на внимание.
Мајка му изјави: ” Беше вознемирен бидејќи виде дека јас сум вознемирена. Многу се потресе бидејќи тој беше свесен дека не можеме да си ја дозволиме сумата која тој ја направил во рок од четири дена за играчки”