Нема продавање кучиња и мачиња како ќе ви текне – нов закон, мора да пријавите младенчиња


Целата трговија со младенчиња од кучиња и од мачки ќе се регулира и ќе биде евидентирана во надлежните институции, а сопствениците на миленици веќе нема да можат неказнето да ги оставаат на улица несаканите кучиња и мачиња, туку се должни да ги регистрираат, евидентираат и да ги удомат.

kuce 33Агенцијата за храна и ветерина (АХВ) предлага нов нацрт-закон за заштитата и за благосостојба на животните, во кој, меѓу другото, се уредени и обврските на сопствениците на миленици во случаи кога ќе добијат потомство од нив. Сопствениците и одговорните лица што ги користат своите миленици за репродукција, како и одгледувачниците, ќе треба да го пријават леглото од своите животни во овластена ветеринарна амбуланта, клиника или болница, да ги идентификуваат и да ги регистрираат младенчињата според Законот за идентификација и за регистрација на животните пред да ги удомат, како и да ги пријават лицата кај кои ги удомиле младенчињата. Исто така, на сопствениците им е забрането да ги напуштат своите миленици. Одгледувачниците треба да бидат регистрирани и да водат евиденција за животните, која треба да ја чуваат најмалку три години.

Новиот закон не се занимава со тоа дали младенчето е продадено за пари или е подарено, туку со тоа каде е животното и дали сопственикот ги исполнува обврските.

Новиот нацрт-закон наиде на одобрување во Kинолошкиот сојуз на Македонија и во Здружението за заштита на животните „Анима мунди“.

– Тоа е апсолутно за поздравување и даваме безрезервна поддршка бидејќи на тој начин ќе бидат сведени на минимум сите манипулации со новородените и, воопшто, со милениците. Сите оние што ќе купат мало кутре, кое по некое време ќе го остават на улица, со водењето база на податоци и со микрочипирањето, ќе бидат откриени при заловувањето на животните од страна на надлежните служби. На тој начин ќе се откријат сопствениците и ќе сносат санкции според законот – објаснува Пешев и додава дека досега не можела да се докаже сопственоста на животното во случај на кражба, а по задолжителното вградување микрочипови ќе се знае кое куче чие е.

– Тоа ќе спречи понатамошно напуштање на кучињата, неконтролираниот расплод и нивното фрлање на улица – изјави Столе Велков, претседател на Здружението.

Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1