13 год дете возело 1000км низ 2 држави без никој да го сопре


Тринаесетгодишно момче побегнало од своите родители кои го посвоиле и со Мерцедесот на неговиот очув, успеал да мине 1000 километри, да помине два гранични премини, за да се сретне со своите биолошки роднини.

HUNGARY-SERBIA-EU-BORDER
„Изгледа како шеснаесетгодишен, но сепак успеа да помине две граници. Тоа е неверојатно“, изјавила Елеонора Спадати од полицијата во Монтебелуна, каде што момчето живеело во изминатите две години.
Тинејџерот е роден во Полска, но е посвоен од италијанско семејство.

Момчето кое знаел како да управува со автомобил, земал зелен картон и 200 евра по една расправија со неговите родители која завршила со одземање на неговиот мобилен телефон, чија сметка неговите старетели не сакале да ја надополнат.
Тој имал намера да се придружи на неговата биолошка сестра во Полска.
Момчето отпатувало и за два дена ги поминал Италија, Австрија и Германија. На двапати го пунел до врв резервоарот со гориво. Полицијата го пресретнала само кај Полската граница, откако неговите родители ги предупредиле властите.
Семејството отпатувале за Германија за да се обедини со тинејџерот, но штом се вратат ќе мора да се соочат со социјалните служби штом се вратат.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1