Oставка од Црвенковски – бараат дел од младите социјaлдемократи


denar500Поранешниот генерален секретар на Социјалдемократската младина (СДММ) Михаил Младеновски заедно со група млади луѓе денеска побараа оставка од претседателот на опозициската СДСМ Бранко Црвенковски и најавија дека на претстојните локални избори ќе настапат со независни кандидатски листи, незадоволни од последните одлуки на раководството на матичната партија.

– Како млади социјалдемократи не се согласуваме со последните одлуки на раководството на СДСМ и повторуваме дека тоа се одлуки само на раководството. Застануваме на страната на социјалдмократските вредности, односно на страната на обесправените лица во оваа држава …

sdsmСметаме дека раководството на СДСМ нема капацитет да учествува на следните локални избори. Поради тоа и поради низа други политики со кои како млади луѓе не се согласуваме, одлучивме да настапиме независно со кандидатски листи, изјави поранешниот генерален секретар на СДМM Михаил Младеновски, кој е кандидат за независна советничка листа за Општина Центар.

Младите социјалдемократи незадоволството од работата на Црвенковски го изразија и преку акција насловена „Денар за Бранко“, што ја организираа на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Акцијата, според Младеновски, симболично означува дека на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски му се важни само моќта и парите.

Mia

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1