Се шири грипот во Македонија – Над 300 заболени


grip flu

Од почетокот на месецов досега се пријавени над 300 лица со симптоми на грип во Македонија.

Кај најголем број од нив грипот поминал во полесна форма, а кај четири лица кои биле со потешка клиничка слика се земени материјали за лабораториска анализа од кои три се негативни, а кај едно лице е изолиран вирус на грип од типот А, но не е дефинирано дали е H1N1 или H3N2, бидејќи пациентката сама земала терапија.

Ова денеска на прес-конференција го истакна Јованка Костовска, раководител на Сектор за превентивна здравствена заштита при Министерството за здравство, која рече дека се очекува како и во останатите земји во регионот, како што е Србија, каде веќе е детектиран свинскиот грип, Косово каде имаше смртен случај, и во Македонија, покрај сезонскиот грип, да го има и овој тип вирус.

flu-preventionОд октомври досега, како што појасни таа, се пријавени над 900 случаи со симптоми на грип, а кон крајот на месецов и наредниот месец се очекува зголемување на бројот на заболени.

– Како ризични групи за кој било вирус на грип Светската здравствена организација ги потенцира децата помали од две години, бремените жени, лица со намален имунитет, хронично болните лица и постарите лица.

Доколку овие лица заболат од грип без оглед дали се со полесни симптоми треба веднаш да се почне со лекот тамифлу, рече Костовска.

Таа истакна дека Министерството за здравство се обратило до Министерството за образование за преземање превентивни мерки во училиштата во пресрет на почетокот на второто полугодие.

Flu-pic– Ако се појават симптоми на грип (кивање, кашлање, болка во грло, мускули, малаксаност, главоболка, температура, а можна е и појава на пролив и повраќање) и ако тие не поминуваат по 72 часа лицето треба да побара лекарска помош.

Инкубацијата трае два до три дена по што се развиваат симптоми, но кај некои случаи може да се појават и компликации на респираторните органи, посочи Костовска.

Таа нагласи дека лекот тамифлу го има во доволни количини и е бесплатен, а се подигнува во здравствените домови и на инфективните одделенија во болниците. Досега се вакцинирани над 3.000 лица.

– Според податоците на СЗО од почетокот на октомври досега, во Европа 7.700 лица се позитивни за грип од кои 70 отсто се позитивни на вирусот А на грип, а 30 отсто на вирусот Б.

Flu-Shot

Полека вирусот А доминира. Во првата недела од јануари има околу 2.600 позитивни анализи на грип од кои 70 отсто се позитивни на вирусот А, а 30 отсто на вирусот Б. Од тие 70 отсто кои се позитивни на вирусот А, 80 отсто се тип тип А H1N1 или пандемискиот свински грип, а 20 отсто се H3N2 или сезонски грип, појасни Костовска.

За разлика од минатата година кога свинскиот или пандемискиот грип беше присутен со пет отсто во вкупните типови на вирус, оваа година доминира свинскиот грип од тип А H1N1 посебно во последнава недела од јануари во европски рамки.
– Очекувано е сите три типа вирус на грип да бидат присутни, значи и А H1N1, А H3N2 и од групата Б. И токму затоа вакцината беше подготвена да штити од сите три типа, рече Костовска.

Mia

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1