Опозицијата ќе протестира низ цела Македонија – утре е во Прилеп


Опозицијата од утре ќе протестира низ цела Македонија, ќе помине во поголемите градови, каде секој работен ден ќе се организираат протестни маршеви и граѓански парламенти.

protest8Парламентот утре се сели во Прилеп, каде од 18 до 19 часот раководството на СДСМ, како и раководствата на партиите од „Сојузот за иднината“, заедно со граѓаните ќе маршираат низ улиците на градот. По Прилеп, следат Струмица, Штип и Охрид во петок, најавија од опозицијата.

Во меѓувреме продолжуваат и собирите во Скопје со блокирање на по една крстосница, секој работен ден.

„Овие блокади ќе бидат во времетраење од половина час од 12 до 12 30 часот, почнувајќи од утре со полчасовна блокада на крстосницата меѓу улиците “Партизанска“ и “Рузвелтова“ кај Симпо. Свесни сме дека тоа ќе предизвика непријатности и нервоза кај граѓаните, затоа во оваа прилика ги повикуваме Скопјани да имаат разбирање за блокадите, имајќи предвид дека уличниот отпор останува единствено средство за борба против овој режим“, изјавија од СДСМ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1