13 годишни девојчиња планирале убиство на семејството


Две француски девојчиња, на возраст од 13 години, обвинети се за обид за убиство, затоа што планирале да ги убијат сите членови на семејството на едно од девојчињата, почнувајќи од нејзиниот брат

devojce1Обвинителот на градот Нарбон, Давид Шармац изрази грозење од нивниот план.

-Ова е прв пат, моите колеги и јас да имаме случај, две така млади девојчиња да планираат убиство, рече тој.

Девојчињата кои живееле во село, недалеку од градот Нарбон на југот на Франција, уапсени се на 28 март, по напад со нож на шест годишниот брат на една од нив.

Момчето се уште е во болница. Тој се здобил со повреди на вратот, но неговата здравствена состојба е добра.

Полицијата и обвинителството соопштија дека девојчињата признале дека планирале да ги убијат братот и родителите на едната од нив. Двете се обвинети за обид за убиство.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1