13-годишно дете загинало во тешка сообраќајна несреќа која се случила во близина на фонтаната кај Градскиот парк во Скопје на булеварот Илинденска вечерва околу 18 часот.
Според информациите од МВР, во сообраќајката учествувало возило „пунто“, управувано од скопјанката М.Л. (47), кое удрило во детето кое возело велосипед.
Неофицијално, според првичниот увид, на булеварот немало траги од кочење.