13 годишно детенце загина на Илинденска – Детали за трагедијата


Тринаесетгодишно дете почина вчера откако автомобил Фиат Пунто удрил во него кај Фонатана во Градски парк, односно на раскрсницата на булеварот Илинден со Наум Наумовски Борче.

Како што информираат од МВР, 47- годишната М.Л. удрила во детето кое било со велосипед, околу 18:30 часот.urgenten brza pomos klinika

Малолетникот бил итно пренесен во Ургентниот центар каде му е укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите во 19:35 починал.

На местото на несреќата извршен е увид од страна на полициски екипи и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција.

Како што дознаваме, од М.Л. земени се примероци од крв и урина, а возилото е испратено на вонреден технички преглед.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1