14 годишно девојче е најмалиот пијан пациент на Токсикологија


14 годишно девојче е најмалиот пациент на Клиниката за Токсикологија, од 30-мината кои ноќеска претерале со алкохолот.

Петмина од нив се малолетни, а за разлика од изминатите години, кога повеќето испијанети беа жени, овојпат предничат мажите. Три лица, пак, од кои едното малолетно, се примени издрогирани.klinika toksikologija

Докторите од оваа клиника деновиве пак ќе дежураат. Покрај оние што ќе се допиваат, секоја година овде завршуваат и лица што не можат да и одолеат на вкусната трпеза – завршуваат во болница со воспаленија на жолчката или панкреасот.

За мирни празници, лекарите препорачуваат три оброци дневно, плус две ужини, не многу храна, како и ден исполнет со многу течности, свежо овошје и зеленчук. За тие што претерале со алкохолот, исто така многу течности, лимонада, расолница, витамини Ц и Б6.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1