Поради невреме: Илјадници патници ја минаа новогодишната ноќ на двата аеродроми во Истанбул


Илјадници патници ја минаа новогодишната ноќ блокирани на двата аеродрома во Истанбул, откако околу 300 планирани летови беа откажани вчера поради обилните снежни врнежи.turkish-airlines.jpg500

Околу две илјади патници, чии летови беа откажани вчера беа префрлени од аеродромите „Ататурк“ и „Сабиха Гокчен“ во хотели на компанијата „Туркиш ерлајнс“, но поради недостиг на места во хотелите другите беа принудени да останат на аеродромите.

Турските авиопревозници соопштија дека и денеска ќе има откажани летови.

Рано изутрината аеродромот „Ататурк“ целосно беше затворен за сообраќај во период од 30 минути поради обилните врнежни од снег, а шест авиони беа пренасочени да слетаат на аеродроми во Анкара, Анталија и Чорлу.

Снежните вржени во Истанбул почнаа на 30 декември и се очекува да продолжат до утре.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1