Голем пожар во Штип – пеплосани домовите на 40 семејства


Голем пожар во раните утрински часови во штипската ромска населба. Седум простории во зградата на некогашното Нервно – психијатарско одделение каде до синока беа сместени 40 лица од ромска националност со своите семејства.Во пожарот нема повредени лица.pozar55

Командирот на Територијалната противпожарна единица во Штип, Благоја Ренџов изјави дека пожарот е пријавен во 4:45 часот утринава кога е забележано дека гори кровот на зградата.

– Веднаш интервениравме со четири противпожарни возила и 12 пожарникари. Комплетно се изгорени седум простории, а седум успеавме да ги спасиме. За среќа, нема повредени лица од семејствата коишто се сместени во оваа зграда, истакна Ренџов.

Интервенцијата траела до 12 часот, а по извршениот увид од страна на полициските службеници ќе се утврди кои се причините што го предизвикале пожарот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1