Почина пејачката Натали Кол


Натали Кол, познатата пејачка и ќерка на легендарниот музичар Нет Кинг Кол, почина на 65-годишна возраст, соопштил нејзиниот издавач Морин О’Конор.

Натали под влијание на својот татко почнала да се занимава со пеење, а првата аудиција да пее со него ја имала на своја 11-годишна возраст. Кариерата ја почнала како пејачка на ар-ен-би (R&B), но подоцна се пренасочила на поп и џез серенади кои нејзиниот татко ги сакал. На албумот „Unforgettable… With Love“ обработила некои од неговите најпознати песни, како што се „That Sunday That Summer“, „Too Young“ и „Mona Lisa“.Natalie-Cole

Натали е позната по бројните хитови на топ листите, како „This Will Be“, „Inseparable“ и „Our Love“.

Меѓутоа, страдала од зависност од опијати поради кои имала бројни здравствени проблеми, а неодамна морала да откаже некои настапи на турнејата по САД поради болест. Во мај 2009 година таа имаше трансплантација на бубрег откако претходно објави дека ѝ е дијагностициран хепатит Ц како последица на користење на хероин во текот од 70-тите и 80-тите години.Во својата автобиографија од 2000 година признала дека со години имала проблеми со хероинот, крекот и алкохолот. Во 1983 година поминала шест месеци на рехабилитација.

Натали Кол освоила девет награди „Греми“, вклучувајќи и една за „Албум на годината“ и „Песна на година“ во 1992 година за „Unforgettable … With Love“, виртуелен дует кој е направен од снимки на гласови на нејзиниот починат татко кој умрел од рак на белите дробови во 1965 година, кога Натали имала 15 години.

Албумот е продаден во 14 милиони примероци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1