14 годишно девојче се самоубило – ја силувал 40 годишен маж што го запознала на Фејсбук


Анејд Тутгушијан (14) од Полска го запознало мажот на Фејсбук каде тврдело дека има 25 години. Кога почнале повеќе да комуницираат тоа му рекло дека има 17 години, но тој податок не му пречел на 40-годишниот маж Кристијан В.

Анејд набрзо се сретнала со Кристијан, но после средбата се вратила дома плачејќи.

10801844_1410848852541236_373919633644793831_n-532x700
Следниот ден Анејд отишла на железничката станица во Гдањск. Тогаш шокираните патници ја набљудувале 20 минути како седи и плаче, после што Анејд станала, го соблекле палтото и скокнала пред експресниот воз кој одел до Виена.

– Мислев дека се скарала со момчето. Забележав дека плачеше. Ја прашав што и се случило, но ништо не ми рече, само почна да плаче и ме прегрна. Сакав да позборуваме, но таа сакаше да излезе. Ми рече дека ќе зборуваме кога ќе се врати. Но, никогаш не се врати – изјавила избезумената мајка Џоана за локалните медиуми.

Одлучна да дознае зошто ќерка и се убила, мајката го отворила профилот на Фејсбук на Анејд, каде ја нашла преписката со Кристијан. Тогаш дознала и дека Кристијан на тој начин комуницирал и со други млади девојки.

Во текот на погребот на Анејд, Џоана слушнала дека нејзината ќерка е силувана, а тоа го дознала од нејзината другарка, која открила дека Анејд и се јавила на денот на самоубиството кажувајќи и само дека е силувана. Анејд тогаш ја спуштила слушалката и не одговарала на повиците од другарката.

Кога го дознала овој страшен чин, Џоана ги контактирала другите девојки со кои Кристијан бил во контакт. Од 14 девојки со кои неутешната мајка зборувала, три рекле дека Кристијан исто така ги силувал, четири се обидел да ги силува, а останатите рекле дека се обидел да ги уценува.

Сите девојки рекле дека силувачот ги заведувал на ист начин нудејќи им лускузни клубови, скапи автомобили и јахти.

Полицијата потврдила дека силувачот им е познат после две пријави за силувања од страна на девојки кои имаат 16 години. Првата тужба била отфрлена, а другата се истражува.

Полицијата потврдила и дека бараат детали од другите жртви кои и го потврдиле силувањето на мајката на Анејд, Џоана.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1