15 год девојче рането од талибанците кандидат за Нобелова за мир


Петнаесетгодишната Малала Јусафзаи, пакистанска тинејџерка и активистка која талибанците ја ранија во главата минатата година, е номинирана за овогодинешната Нобелова награда за мир. 
g_malalaРокот за номинација за Нобеловата награда истекува денеска, а меѓу номинираните се и активисти од поранешниот источен блок. Иако името на добитникот на овогодинешната награда ќе се знае на почетокот на октомври, на големо се шпекулира за евентуалните лауреати.
Талибанците ја погодиле Малила во главата додека влегувала во училишен автобус на деветти октомври бидејќи се залагала за правото на пакистанските девојчиња на образование. Таа станала симбол на противење на талибанскиот екстремизам и нивните строги правила околу шеријатските закони.
Шефот на истражувачкиот институт за мир во Осло, Кристијан Берг Харпвикен рекол дека наградата на Малила не само што ќе дојде во вистинско време, туку би “ги поставила децата и образованието во агендата за мир и конфликти“.  Останатите номинирани, чии имиња се знаат, се борците за човекови права, вклучувајќи го белорускиот активист Алеш Бељатски, кој во овој момент се наоѓа во затвор и Русинката Људмила Алексејева.
Netpress
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1