Бразил ќе клонира животни во изумирање


Бразилски научници најавиле дека се подготвуваат да започнат со клонирање на неколку загрозени животински видови – категорија во која се вклучени животни како јагуар, гривест волк и црн лав.

jaguarheadlineИстражувачите од Brasilia Zoological Garden одбрале осум животни за иницијативата. Генетскиот материјал кој е потребен за клонирање на животните бил собран во текот на последните две години.

Истражувачите велат дека имаат 420 примероци во нивната генетска банка. Следниот чекор ќе биде тренинг на истражувачите од зоолошката градина.

Овие животни нема да бидат првите клонирани од EMBRAPA – владината агенција во 2001 година успешно клонираше крава. Од тогаш во Бразил биле клонирани и други животни, вклучувајќи неколку крави и коњи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1