Од болницата во Штип потврдија дека вчера имало таков случај, но не дадоа подетални информации.
Според неофицијалните податоци на ТвОрбис, бебенцето било веднаш пренесено во болница каде му е даден противотров и му е испрано сотмачето. Мајката и детето се се уште во болница, а за жал отровот и денеска имал продолжено дејство.
Од Општината го истражуваат случајот.
Порталот Фаланга ја пренесува изјавата на мајката напишана на една од социјалните мрежи
„Мајки лежиме на детска клиника откако во Штип на моето 15 месечно бебе му го испраа стомакот, му дадоа јаглен и го боцнаа со противотров и се тоа бидејќи во штипската градинка по ќошевите во собите кај што престојуваат дечиња, меѓу кои и моето, ставиле мишомор отров за глувци па моето дете си ставило во уста. Молете се за нас. Господ нека ни е напомош“, напиша мајката на социјалната мрежа Фејсбук.