Детска радост – домашни крем бананчиња


Состојки:

  • 700гр – шеќер
  • 3дл-вода
  • 3 кесички желатин
  • 2- екстракти со арома на банана
  • 200гр – чоколадо за готвење

hitkujna-krem-bananiПодготовка:

1. Шеќерот измешајте го со 2дл.вода и варете околу 5 минути, додека не се растопи.
2. Желатинот прелијте го со 1дл.вода и загрејте се додека не се растопи.
3. Стопениот шеќер отстранете го од огнот и со матење со миксер постепено додадете го желатинот. Внимавајте желатинот добро да е изматен, односно матете минумум 15 минути.
4. Додадете го екстрактот од банана.
5. Целата смеса ставете ја во подмачкан плех и оставете ја добро да се стврдне.
6. Кога ќе се стегне добро смесата можете целата да ја прелиете со растопено чоколадо, а можете и да ја исечете на штанглици и да ја глазирате секоја посебно со течното чоколадо.
Добар апетит!

HitKujna.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1