Бебенцето од Штип е добро – се уште не се знае дали голтнало отров во градинката


 15-месечното бебе од Штип е во добра состојба. Бебебнцето кое вчера било хоспитализирано на Клиниката за детски болести во Скопје не покажува симптоми на труење а се уште не се знае дали голтнало отров за глувци и ли не. 

dete bolnic– Не знаме дали во прашање е отров за глувци. Во моментов детето е во добра состојба, не покажува знаци на труење и тука е само на инфузија. Колегите во Штип направиле сè што е потребно. Тука направивме некои испитувања и денес ги очекуваме резултатите. Ако е сè добро ќе си оди дома – велат од Клиниката.

Директорот на детската градинка за порталите изјави дека 15-месечното дете не можело да дојде во допир со отров во градинката. Како што рече тој, една од вработените во градинката забележала дека детенцето ставило нешто во уста поради што превентивно било пренесено во штипската клиника.

Мајката на својот профил на Фејсбук утрово напиша дека во штипската клиника му бил испран стомакот и дека примило противотров.

15 месечно бебенце од Штип се бори за живот – во градинка изело отров за глувци
Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1