Тест каков човек сте: Што гледате на сликава ?


На истата слика се нацртани и девојка и старица, но така што повеќето луѓе од прва не ги воочуваат двете личности. Во зависност од тоа која од нив две прва ќе ја погледнете, постојат различни толкувања за тоа што говори тоа за вашата личност.

Цртежот кој е познат под неколку наслови „Млада и стара жена“, „Девојка и старица“, „Сопруга и баба“, “Стара вештерка и млада жена“ претставува една од најпознатите оптички илузии.

opticka-iluzija-1392041492-443061

Два можни одговори:

1. Девојка

Девојката на цртежот е свртена со лицето кон вас, гледајќи во далечина, а во профил и се гледаат носот и трепките. Од шеширот се наѕира бел вел, облечена е во раскошна бунда, деколтето е дискретно откриено, а околу вратот има синџирче.

Толкување:

Ако прво сте ја здогледале девојката, според популарните интерпретации, се верува дека по природа сте со младешки дух и тежнеете кон оптимистички поглед на светот.

2. Старица

Старицата ни е свртена во профил. Тоа што е уво на девојката, кај старицата е око, линијата на нејзиниот образ и вилицата го претставуваат носот на старицата, а ланчето се усните на старицата, додека велот на шеширот кај старицата личи на марама со која е забрадена.

Толкување:

Ако на прв поглед на овој цртеж во око ви падна старицата или вештерката, како што некои ја нарекуваат, можно е да се по природа песимисти или внимателни, тежнеете кон скептицизам и имате стар дух.

Овие толкување се дел од популарната култура и немаат стручно објаснување

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1