Ќе го запалам Нови Сад ако не оди на робија монструмот што ми ја уби сестрата


Сестрата на убиената манекенка е шокирана од одлуката за повторно судење на Даријан Мусиќ за злостроството што ја потресе Србија. Го прашувам судот на кој начин треба некој да биде убиен за да го осудат како што треба – вели Тања Червенко.

ubiec 4-Ја укинаа пресудата? Кому? Врз основа на што!? Ми доаѓа не да плачам туку да врескам. Ќе гори Нови Сад ако не оди на робија! Тоа е невозможно, дали добро ми кажавте. Шокирана сум…Вака се чувствував кога ми јавија дека мојата сестра е убиена. Зарем таков монструм треба да излезе и да шета низ Нови Сад – изјави Тања, сестрата на убиената манекенка која од медиумите дозна дека убиецот, Даријан Мусиќ (26) кој за ѕверското убиство беше осуден на 35 години затвор, доби укинување на пресудат од страна на новосадската апелација.

Сестрата на манекенката истакна дека е длабоко разочарана во судството.

-Без оглед на ова срамно дело на апелациониот суд, нема да се предадеме. Одиме до крај, монструмот и убиец да добие максимална казна од 40 години, кога веќе не може смртна. Ќе одиме до Стразбур ако треба – вели Тања Червенко.

Ја сакам мртва, ладна, згрчена – одам да си пукам во глава – напишал на фејсбук убиецот на манекенката
Манекенка брутално убиена во Нови Сад(Фото)
На мртвото тело на манекенката го истетовирал својот роденден – во затворот сакале да го линчуваат
Билдерот што ја уби манекенката осуден на 35 години: Не се грижи мамо, во затвор ми е како на екскурзија
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1