Во текот на викендот во Центар, засадени се 1.500 топчести, големи и оформени хризантеми во различни бои, за есенско разубавување на центарот на Градот.
црвени, портокалови, розови и жолти хризантеми се поставени пред згради на 20 различни локации низ Центар.
Поставени се пред зградите кај Работнички дом, кулите на бул. Кочо Рацин, околу хотел Бристол, спроти Рамстор, Дом на градежници, Скверот пред Општината, Кружниот ток, на ул. “Васил Ѓоргов”, како и во тревниците кај детските игралишта во Капиштец.