Дожд до четврток – после сонце и студ – неделна анализа


Во Македонија во утринските часови врнежите од дожд ке престануваат Во текот на денот разведрување и ке преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.

Ке дува засилен ветар со променлив правец. Утринските температури од 0°C до 8°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 9°C односно до 18°C.

Во Скопје во утринските часови врнежите од дожд ке престануваат и во текот на денот ке преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. Слаб северен и северозападен ветар. Утринската температура од 5°C, а максималната дневна ке достигне до 14°C.

Во среда не очекува студено утро со утрински температури кои ке се движат од -3°C до 7°C. Во текот на денот ке биде претежно сончево со локална облачност. Кон крајот на денот наоблачување.Ке дува засилен југоисточен ветар. Максималните дневни температури ке се движат од 13°C до 21°C.

Во четврток во Македонија ке биде облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Кон крајот на денот врнежите ке престануваат. Ке дува засилен југоисточен и југозападен ветар, кој понекаде ке достигне брзина и до 50 км/ч. Утринските температури ке се движат од 4°C до 11°C, а максималните дневни ке достигнат до 10°C односно до 18°C.

Во петок во утринските часови ке има појава на магла и ниска облачност која понекаде ке се задржи и претпладне, во текот на денот ке биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и потопло. Ке дува засилен југоисточен а во западните предели засилен југозападен ветар, кој понекаде ке достигне брзина и до 50 км/ч. Утринските температури од 2°C до 10°C, а максималните дневни ке се движат од 15°C до 23°C.

По студените и понекаде магловити утра, а во текот на денот претежно сончево, ветровито и потопло ке биде и во сабота и недела. Ке дува засилен југоисточен и југозападен ветар ветар, понекаде со брзина и до 50 км/ч. Утринските температури од -1°C до 9°C, а максималните дневни ке достигнат до 15°C односно до 23°C.

weather4all

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1