16 год дете од срам 9 месеци не кажувало за израсток на тестисите – собрал храброст, но починал по 2 недели


Тинејџер чекал 9 месеци пред да собере храброст да прозбори за својот проблем кој подоцна го чинела смрт. Тој пронашол грутка на своето тело, по што умрел од рак на тестисите само две недели подоцна, откако за прв пат прозборел со своите најблиски.

article-2325541-19D0C2E8000005DC-540_634x391Скршеното срце на семејството на Мајкл Расшби, познат како Мики, ги охрабри младите момчиња да се проверуваат по смртта на овој млад шеснаесетгодишник.
Неговата мајка Патриција, (52) денеска изјави дека Мики и бил се во животот, и дека не сака и други млади луѓе, ниту пак нивните семејства, да минуваат низ она низ што тие минувале.
Мики бил најмладиот меѓу шесте браќа и сестри и на 17 април, додека пиел пијалок во друштво со неговиот брат во семејната куќа, собрал храброст да проговори за ваквиот проблем.

„Тој ми рече дека имал проблем и ми покажа за што се работи“, вели неговиот брат Јован.
„Веднаш се упативме на лекар, кој што по само првиот преглед, ни рече дека 80% е можно да се работи за рак.
Мики следниот ден, се упатил во Универзитетската болница, Џејмс Кук во Миделсброу, за да направи дополнителни тестови.

article-2325541-00592A2B00000258-929_634x375Ракот на тестисите бил дијагностициран, а било утврдено и дека истиот се проширил и на неговиот стомак и гради. Веднаш бил префрлен во амбулантата за лекување во Њукасл, Викторија.
И покрај осумте месеци одложување на дијагнозата, Мики имал 75% шанси да ја победи болеста.
Тој бил подложен на една недела хемотерапија, по што му било дозволено да се врати дома во петокот на 26 април, по негово барање.

Тој требал да биде вратен назад во болницата во понеделникот на 29 април. Но, откако се истуширал, при симнувањето надоле по скалите, наеднаш колабрирал и на четри скали до самиот под, паднал. Веднаш бил пренесен со амбулантно возило во болницата Џејмс Кук, каде што подоцна истиот ден починал. Се верува дека било од инфекција.
„Мислам дека и самиот знаеше дека му доаѓа крајот. Беше непопустлив кога се работи за доаѓањето дома и никогаш не се пожалил“, вели неговата мајка.

article-2325541-19D0BEFD000005DC-667_634x711

Сакам да кажам за секој кој некогаш мисли дека би можел да има проблем, да се консултира со неговата мајка, неговиот татко, треба да го направи тоа и да не се плаши. Мики можеше да ми каже за неговиот проблем и на мене, јас не би се засрамила никогаш“, вели неговата мајка.

Неговото семејство, неговиот татко Мајкл Русшби (61), неговите сестри Лиза (30), Жаклин (27), Мишел (26), и Лин (21) го опишаа како шармантен и човек кој што секогаш се шалел на сметка на другите. За секого имал по некој прекар.

„Зборовите не можат да опишат колку ќе ни недостига. Сега е толку различно, толку тивко без него“, вели Жаклин.
Неговиот брат Џон изјавил дека никогаш нема да може никој да го замени. Тој не бил само брат, туку и негов најдобар другар.

Ракот на тестиси е застапен кај мажи на возраст од 15-44. Најчест симптом се израстоци на тестисите или оток на дел од тестисите и препоните. 20 насто од пациентите чуствуваат и болка во долниот абдомен или пак во тестисите. Чуствуваат тешкотија во пределот на препоните. Истражувањата покажале дека повисоките мажи почесто заболуваат од ракот на тестиси. Ако се открие на време пациентите преживуваат најмалку 5 години по дијагнозата а 96 насто од нив дури и до 10 години. Откако ракот е отстранет и не се поврати 5 години – се смета дека е излечен.

Повеќе информации на –  www.orchid-cancer.org.uk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1