16 годишно момче од Кент, Томас Таусенд починал откако се “предозирал” од вдишување на гас од дезедорансот кој го употребувал за да ја прикрие непријатната миризба, бидејќи избегнувал да се тушира.
Полицијата во текот на истрагата во неговата соба нашла 43 боци од дезедоранс, а неговата мајка рекла дека неделно трошел по една боца, бидејќи не сакал да се бања, а често го користел и средството за бричење само да ја прикрие миризбата.
Во крвта на Томас нема траги од алкохол или дрога. Томас бил пет години во згрижувачко семејство, бидејќи пораснал во дом за деца без родители, имал навики да се самоповредува, но неговите блиски тврдат дека никогаш не помислил на самоубиство.