16-годишното девојче кое почина на Инфективна немало хронични заболувања


Вчера попладне на Инфективна почина 16 годишното девојче кое со денови се бореше за живот на клиниката. Малолетничката била транспортирана на скопските клиники во тешка здравствена состојба поради компликации од Ковид-19.

Лекарите од Инфективна немаат податоци дека детето имало претходни хронични заболувања. Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат во текот на денот ќе иницираат вонреден надзор со проверка на патеката на лекување од матичниот лекар до крајната дистанца на Инфективна.

Пациентката со многу тешка клиничка слика со возило на Итната медицинска помош е донесена на Инфективна клиника, од Клиничката болница во Тетово каде била сместена од 21 октомври до 23 октомври, а претходно била лекувана во домашни услови заради тегоби кои датирале девет дена од иницијалниот прием во тетовската болница.

Според медицинскиот извештај од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, станува збор за исклучително тежок случај, кислородно зависна со тешка ковид пневмонија. Во текот на хоспиталниот престој од анализите е потврдена и белодробна тромбемболија. Во текот на лекувањето доаѓа до брзо прогресивно влошување на респираторната функција. Пациентката е мултидисциплинарно лекувана поради развиените компликации. Во текот на вчерашниот ден дојде до драматично влошување на виталните параметри што доведе до срцево белодробно попуштање. Младата пациентка не била вакцинирана, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Ова е втор смртен случај на малолетничка во рок од една недела на Инфективна. Пред 6 дена почина и 17 годишна девојка од демирхисарско која имала дијабет и претходно еден ден ја лекувале и во битолската болница.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1