СВР Скопје поднесе кривична пријава против трујачите на ученици во средното економско училиште Арсени Јовков.
Станува збор за две малолетни лица на возраст од 16 и 17 години, како и полнолетно момче, дваесетгодишниот Н.Џ. од Скопје
Тие на 30. септември за време на големиот одмор со спреј испрскале неколку ученици и дел од просториите од училиштето.
Ученици и професори поради труењето со спреј завршија на Клиниката во Скопје.