Тинејџерката, 17 годишната Емили Бауер од Тексас доживеaла серија мозочни удари кои и го оштетиле мозокот и по кои останала парализирана, откако пушела „синтетичка марихуана“, која ја купила на бензиска пумпа.
Прво добила главоболка, а веднаш потоа следеле ударите еден по друг. Почнала неконтролирано да мокри и да халуцинира.
Лекарите откриле дека ударите предизвикале и воспаление на крвните садови, бил ограничен протокот на крвта и е прекинат дотокот на кислород во мозокот има оштетување на органите и ткивата.
Семејството одлучило таа да биде исклучена од апаратите кои ја одржувале во живот.
Но, Емили преживеала но мозокот и бил толку оштетен што лекарите рекле дека можеби никогаш нема да ги препознае членовите на нејзиното, ниту ќе може да ги движи рацете и нозете.
Сепак таа после само неколку дена почнала да се присетува – и рекла на мајка си дека ја сака.
Нејзиното семејство се одлучилода ја подигне свеста за штетноста на „лажната марихуана“ и основале непрофитна организација „Синтетичка свест за Емили“.