Холандска тинејџерка загина при банџи скок од вијадукт во близина на Сантандер во северна Шпанија, пренесува BBC.
Седумнаесетгодишното девојче паднало од висина од речиси 40 метри во суво корито на река. Престојувала во блискиот сурферски камп со група млади од Белгија и Холандија.
Британска туристка загина минатиот месец исти при банџи скок, но овој пат од мост во Гранада, на југот на Шпанија.
Портпаролот на полицијата за холандските медиуми рече дека несреќата најверојатно е предизвикана од небрежност, иако сè уште не е познато што довело до трагедијата.
„Девојката беше толку млада. Подготвени сме да му помогнеме на нејзиното семејство колку што можеме“, рече градоначалничката Кабезон де ла Сала во Кантабрија.