Еден пациент од Дерби, Англија со право може да се нарече медицински феномен, затоа што дури 17 пати преживеал престанок на работата на срцето на неколку минути.
Џон Гилмартин, кој има 41 година во својот имал преживеано 11 пати престанок на работата на срцето на пат кон болницата, а дури 6 пати бил реанимиран во болницата во Дерби.
Доктор Герет Хјуз кој неколку пати бил во тимовите кои го враќале Џон од мртвите вели дека кај ваквите случаи пациентот речиси секогаш пати од некое невролошко оштетување.
-Никогаш во животот не сум имал некакви срцеви проблеми, секогаш сум бил здрав и се чувствував добро, а откако ми се случи прв пат, мојата фамилија беше преплашена. Сопругата на подот ми давала вештачко дишење додека не стигнала брзата помош. Да не го направила тоа, можеби не би преживеал или би останал со озбилни оштетувања на мозокот – вели Џон Гилмартин.
Додека му вградувале пумпа на срцето за време на операцијата неколку пати покажал права линија – односно срцето целосно престанало да му работи. Лекарите неколку пати го враќале од мртвите. Она што е најинтересно е што тој никогаш претходно немал срцеви проблеми, а освен овие случаи кога го враќале со реанимација, срцето одлично му работи.
Доктор Хјуз вели дека уште позачудувачки кај овој човек е што тој нема никакви последици ниту психички ниту физички по овие епизоди. Тој нема ниту било какви оштетувања на мозокот, кои знаат да се јават по вакви случаи.