18 глумци ја откажаа „Ничија земја“ во МНТ заради поддршка на колегата Владо Јовановски притворен за 27 април


Осумнаесет глумци ја откажаа вечерашната изведба на претставата „Ничија земја“, во Македонскиот народен театар (МНТ) како поддршка на колегата Владо Јовановски, кој доцна попладнево доби мерка притвор од 30 дена како еден од 36. осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со организираниот напад во Собранието на 27 април, пренесува порталот СДК.МК 

Актерите Сашко Коцев, Никола Ацески, Александар Михајловски, Гораст Цветковски, Александар Микиќ, Славиша Кајевски, Александар Ѓорѓиески, Борче Начев, Оливер Митковски, Камка Тоциновски, Ненад Анѓелковиќ, Стефан Спасов, Григор Јовановски, Кристина Гиева, Филип Миленкоски, Александар Иваноски, Марија Кондовска и Томе Станковски, излегле на сцената, и ѝсе извиниле на публиката дека ја откажуваат претставата во знак на протест за притворот за колегата Јовановски.

В.д. директорот на МНТ Драган Спасов- Дац за порталот изјавил дека е на состанок токму со екипата на претставата, и дека разговараат за откажувањето. Повеќе детали најави за утре.

Повеќе на – СДК.МК 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1