Обвинетите за „Mонструм“ излегуваат од притвор


Врховниот суд ги одлучи да се бранат од слобода четворица од обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро. По пет ипол години укинат е притворот за Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Хазири и Сами Љута.

Врховен им одреди поблаги мерки. Не смеат да го напуштаат Скопје и два пати неделно да се јавуваат во судот за да докажат дека не побегнале.

По одлуката за укинатиот притвор, роднините со аплауз го поздравија излегувањето на Сами Љута од Шутка, кому кривичен му изрече доживотна казна затвор за тероризам, под обвинение дека чувал стража додека биле убиени момчињата на Велики четврток 2012-та година.

Од Идризово и штипскиот затвор вечерва излегуваат и останатите тројца обвинети

Во кусото соопштение од Врховен не споменува ништо за Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се во бегство од пред почетокот на судскиот процес Монструм. Последната информација која престигна од Косово пред неколку години е дека тие излегле од затворот во Приштина откако ја одлежале тамошната казна затвор од три години за трговија со оружје.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1