М.Н. (18) од Чачак за влакно се спасил од сигурна смрт, кога го здрмала струја, во моментот кога правел селфи фотографија.
Момчето со двајца другари било близу железничката станица, а во еден момент се качило на цистерна со цел да направи совршена селфи фотографија, кога случајно со раката се допрел за жици со висок напон при што го удрила струја од 25.000 волти, јавуваат српските медиуми.
Пријателите веднаш повикале Брза помош. Момчето било спасено, а се здобило со изгореници од втор и трет степен.