18 отсто данок за приходите над 1000 евра


Сите граѓани кои имаат приходи над илјада евра ќе плаќаат 18 отсто персонален данок. Ова го најави министерот за финансии Драган Тевдовски, кој појасни дека оваа ставка ќе важи за сумата која е над илјада евра, додека 10 отсто ќе се плаќа за до илјада евра. Висината на сума, беше причина Тевдовски и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев јавно да не се согласат околу предлогот, пренесува Телевизија Алсат

„Треба да го продискутираме сите во општеството прагот над кој што би се променила даночната стапка и ако тој го спуштиме многу ниско во тој случај ќе биде дестимулативно“, посочи Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања

„Ако ги видите точно податоците на УЈП, некаде нето околу илјада евра над тоа имаат само два проценти од луѓето со највисок доход. Мислиме дека тоа е границата која што треба да биде поставена за дополнителната стапка. Зошто? Бидејќи таа стапка нема да удри по средната класа“, изјави Драган Тевдовски, министер за финансии

Најавата за две даночни стапки, од 10 и од 18 отсто, отвора многу дилеми. Основната е како ќе се утврдува месечниот приход на секој поединец. Голем дел од приходите се остваруваат од повеќе извори кои сега се оданочуваат со единствена ставка од 10 отсто, па е лесна пресметката без разлика дали сумата е под или над илјада евра. Но, проблемот е како ќе се пресметува кога се надминува илјада евра месечен приход и почнува да важи ставката од 18 отсто и кој ќе го плати. Досега работодавецот го плаќаше перосналецот, а работникот добиваше нето приход. Ова отворено прашање, но и другите нејаснотии, неофицијално, од Миниснтетрството за финансии се дознава дека ќе се решат според законите за персонален доход во Хрватска и во Албанија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1