18 тела на имигранти најдени во Егејско Море


Тела на 18 илегални имигранти во Егејско Море беа пронајдени во близина на островот Лезбос, јави БТА. Жртвите се на возраст меѓу 20 и 45 години.

imigranti egejsko moreСиноќа крајбрежната стража во областа пронашла 20-годишен странец со хипотермичен шок, кој подоцна е сместен во болница. Тој раскажал дека во петокот изутрина тргнал со турски шверцер и уште 26 лица со гумен чамец од турскиот брег кон островот Лезбос. На средината од патот чамецот се превртел.
Властите заедно со претставници на Агенцијата за надворешни граници на Европската унија (ФРОНТЕКС) од вчера го пребаруваат регионот, но поради студот и лошите временски услови не се очекува да има преживеани.

Миа

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1