Нов предлог за името од Нимиц во јануари


Медијаторот на ОН Метју Нимиц на почетокот од јануари во Атина ќе претстави нов предлог за решавање на прашањето за името, јави „Катимерини“.
greece_fyrom_flags26– Постигнување договор за прашањето за името со Атина е клуч за отворање на патот на Македонија кон членство во ЕУ, изјави синоќа грчкиот премиер Андонис Самарас по дводневниот самит во Брисел.
– Има многу позитивен развој. За првпат, Европскиот совет едногласно одлучи дека решавањето на името со Скопје е предуслов за почеток на пристапните преговори. Пораката до Скопје е јасна. Тие треба да преземат вистински чекори за да го решат ова несогласување. Има два клуча кои ја отвораат вратата. Едниот е кај нив, а другиот го има Европа, рече Самарас.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, Нимиц ќе ја посети Атина во втората недела од јануари за да преговара за нов предлог. Според извори на „Катимерини“, предлогот не се очекува да биде многу поинаков од оној во јули 2009 кој гласеше „Република Северна Македонија“

Миа

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1