1800 лица во земјава зеле хонорари над 15 000 евра годишно. Тоа е значајна сума на пари кои ги остваруваат побогатите слоеви од населението, јавува Сител.
Со новата мерка по нова година се предвидува за сите лица кои примаат приходи по основ на договор на дело или авторски договор, а се повисоки од минималната плата, да се плаќаат придонеси. И тоа ако работникот само од едно место зема хонорар , здравствено и пензиско треба да му плати работодавачот, ако има приходи од повеќе места ќе треба да си плаќа самиот.
Овие измени кои се оспорувани од засегнатите професии каде хонорарната работа е суштината.