Бесплатен викенд за пензионерите во туристичките центри


Премиерот Никола Груевски најави дека кон средината на јануари ќе биде објавен огласот за пријавување за користење бесплатен туристички викенд за пензионери.

Проектот, посочи премиерот, е дел од изборните ветувања и ќе се реализира во 2015 година, но доколку има интерес ќе продолжи и во иднина.

sneg-2-500

– Се работи за полн аранжман од петок навечер до недела, престој во некој од туристичките центри во Македонија дали е тоа Охрид, Преспа, Дојран, Крушево, Берово и др. Така да пензионерите ќе можат да аплицираат и се надевам дека од проектот ќе бидат задоволни, изјави Груевски.

Со овој проект е предвидено да се опфатат околу 3.000 пензионери.

– Истовремено ќе биде објавен и конкурсот за бесплатно испраќање на бањи за 5.500 луѓе, истакна Груевски, потсетувајќи дека досега 27.500 пензионери ја искористиле услугата за бесплатно бањско лекување.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1