18та бомба: Хашките случаи – Груевски се испазарил за амнестија


Лично Никола Груевски се испазарил со Али Ахмети за затворање на хашките случаи со амнестија. Груевски лично наредил, за тој да се заштити, целата постапка да ја префрли во парламентот, изјави Заев на почетокот на објавувањето на новата „бомба“ на опозицијата.zaev sdsm

Разговорите се водат во периодот на формирано ново собрание, а преговорите за новата влада биле сѐ уште во тек.

Според Заев, на аудиоснимките што беа објавени се слуша како и министрите и пратениците не се баш најсреќни поради одлуката на Груевски да се прифати амнестијата на хашките случаи. Од разговорите меѓу Јанкулоска и Ставревски, кои во тоа време се пратеници, се гледа како тие се договараат да не присуствуваат на собраниската седница за амнестијата, се гледа дека не се согласуваат со ваквата одлука и „пазар“ на партискиот лидер.

„Очигледно е дека договорот на Груевски и Ахмети бил амнестијата да се изгласа колку што е можно побрзо, за да може потоа полесно да течат пазарењата за составот на новата влада“, рече Заев.

Од разговорите се слуша дека секој поединец од ВМРО-ДПМНЕ во синџирот на одлучување за амнестијата бега од одговорноста, како никој не сака да се потпише на такво мислење, толкување или одлука, рече Заев

ВИДЕО на следниот ЛИНК 

 

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1