19 год дете за 1 час направил вирус и заразил 17.000 смартфони


Дваесетгодишен француски хакер зарази 17.000 смартфони со вирус.


Дваесетгодишен хакер од Амиан, град во близината на Париз одговара за „пиратство и измама“. Изработил вирус со кој биле заразени 17.000 смартфони кои го користат системот Андроид на Гугл, јавува дописникот на МИА од Париз.

младиот хакер го пронашол вирусот во 2011 година и предизвикал штета од околу половина милион евра, но никој од оштетените нема поднесено тужба против хакерот. Најверојатно поради фактот, дека хакерот им нудел апликации на паралелен пазар за апликации кои биле хакирани и самите на своја одговорност ги симнувале и така се заразиле.

Сега ризикува казна од пет години затвор и во интервјуто за регионалниот весник Куриер Пикар вели дека „не бил свесен за ризиците“.
Измамата ја направил само за еден час работа на својот компјутер, што само зборува за неговата инетлектуална способност. Според француските медиуми кај него е дијагнозираниот коефициентот на интелегенцијата изнесува 150

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1