Почина најмладиот пациент во ковид-центарот во Битола, 19-годишната пациентка од Битолско, која се водеше како суспектна на коронавирус, но не беше тестирана, пренесува порталот СДК.
– Девојчето почина неколку часа по приемот, беше донесена во екстремно тешка состојба, почина пред да биде земен брис и не е во ковид позитивните починати, вели директорката на Битолската болница, Билјана Гагачовска за СДК.
Постмортем брисеви не се земаат веќе една година, па починатата не е во евиденцијата на лица кои умреле од Ковид-19. Девојката била со Даунов синдром.
Во ковид-центарот во Битола се хоспитализирани вкупно 134 пациенти, за едно деноноќие примени се 23 лица, испишани 11, а починати двајца на 63 и 69 години.