19 годишна натпреварувачка во турско музичко шоу застрелана во глава


19-годишната Мутлу Каја која учествувала во музикото шоу „Сеси Чок Ѓузел“ кое се одржува во Турција, била застрелана во глава во својот дом, пренесуваат турските медиуми.

Непознат напаѓач во понеделникот наутро ја застрелал девојката преку прозорец во нејзиниот дом во реонот Ерган во моментот додека таа пеела, вежбајќи за следниот настап. Каја наводно добивала закани со смрт и пред да учествува во музичкото шоу, пренесува „Гардијан“.

Turcinka2

Во моментот оваа девојка е во тешка здравствена состојба, а полицијата отворила истрага за трагичниот случај.

– Моја прекрасна девојко, како можеа да те ранат. Многу сум тажна. Нејзиното здравје во моментот е критично, ти посакувам брзо закрепнување – напишала на Инстаграм нејзината менторка во музичакото шоу, турската пејачка, Сибел Џан.

Каја доаѓа од конзервативниот регион во Турција, Дијарбакир на југоистокот на земјата каде живее претежно курдско население. Курдската заедница во југоисточна Турција е позната по своите конзервативни обичаи, а од жените се очекува да имаат традиционална улога во општеството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1