На скопските клиники ноќта кон понеделникот била донесена девојка со тешки телесни повреди по пад од зграда, соопшти полицијата
Имено, во 3 часот утрово, од Ургентен Центар – Скопје пријавено е дека кај нив е донесена И.Н.(19) од Битола со повреди од пад од втор спрат од зграда на улицата „Бранислав Нушиќ“.
Девојката се здобила со тешки телесни повреди.
Се работи на целосно расчистување на настанот.