Повреден пешак во сообраќајката кај Соборна, летал неколку метри


Пешак е тешко повреден во страшна сообраќајна несреќа што се случи вечерва на крстосницата помеѓу булеварот Партизански одреди и Климент Охридски во Скопје.Граѓанска новинарка испрати фотографија од тешка сообраќајна несреќа на раскрсницата кај Соборен храм, околу 20 часот. Полицијата веќе беше пристигната на местото на несреќата.

foto – fejsbuk

Според очевидци, пешакот стоел покрај коловозот и најверојатно чекал да помине, кога бил удрен од две забрзани коли и отфрлен неколку метри во висина, по што удрил во бандера.

Во сообраќајката во 20:05 часот се судиле два автомобила БМВ и Мерцедес, а пешакот кој бил удрен летал неколку метри од ударот. Тој е пренесен на скопските клиники и нема информации за неговата состојба.

Foto – Fejsbuk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1