Иако за многумина 2.2. отсекогаш важел за ден на хомосексуалците, но и повод за разни закачки, досетки и шеги на сметка на лицата со оваа сексуална ориентација, хомосексуалците очигледно ќе треба да почекаат за празнично да ја прослават својата љубов.
Имено, 2 февруари како празник на хомосексуалците е познат само на просторите на бивша Југославија, додека 17 Мај се одбележува секоја година како Меѓународен ден на борба против хомофобијата и трансфобијата (МДБХТ).
Целта на Денот на борба против хомофобијата е да се координираат меѓународните настани на кои се повикува на почитување на правата на лезбијките и геј-лицата во целиот свет, а датумот е врзан со тоа што на 17 мај 1990 година хомосексуалноста е избришана од меѓународната класификација на болести на Светската здравствена организација (СЗО).